Жозе Мурињо дефинитивно е еден од најконтроверзните тренери на сите времиња, а сега како тренер на Рома ги предупреди Италијанците и Португалците да не планираат дека тие сигурно ќе играат во финалниот бараж на 29. март.
Во четврток Македонија ќе и гостува на Италија во Палермо, додека Португалија е домаќин на Турција. Победниците ќе се сретнат на 29. март.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Италија или Португалија на Мундијалот? Не ги отпишувајте предвреме Македонија и Турција. Не можам да бидам неутрален. Ја сакам Италија, живеам тука и оваа земја ми даде многу, но си навивам за Португалија и сакам да оди на Мундијал“, изјави Мурињо.
Ќе потсетиме Италија му носи убави спомени на Мурињо и од времето кога беше тренер на Интер кога со Горан Пандев во тимот нероаѕурите во 2010 година освоија триплета.