Дома Трансфер зона Мурињо жестоко го критикуваше, а сега го сака Барселона!?

Мурињо жестоко го критикуваше, а сега го сака Барселона!?

mourinho

Ова би било навистина интересен трансфер…

Левиот бек на Манчестер Јунајтед, Лук Шо се наоѓа на мета на Барселона.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како што пренесуваат англиските медиуми, Ернесто Валверде направил список на потенцијални алтернативи за Жорди Алба, бидејќи не е исклучена можноста Лукас Диње да го напушти клубот.

Од Островот пристигнува вест дека Лук Шо е еден од нив што навистина е изненадувачка вест.

Имено, Шо редовно се наоѓа под критики на Жозе Мурињо, се шпекулира дека неодамна жестоко го навредил по замената во ФА Купот против Брајтон.

Шо е во немилост на Португалецот, Ешли Јанг е прв лев бек и јасно е дека за него нема иднина во првиот тим на Јунајтед. Одредени извори дури и пишуваат дека Мурињо не само против Брајтон, го навредувал и на тренинзите.

Сега, прашање е колку има вистина во тоа дека Барса го сака, но ако се земе предвид дека се бара играч кој би бил резервна опција, можеби не се само медиумски шпекулации на англиските медиуми.

Не треба да се заборави и дека Шо има понуда од Тотенхем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед со богата понуда за Рабио

Манчестер Јунајтед спрема  понуда за ѕвездата на Јувентус и француската репрезентациј…