Дома Фудбал Мурињо добива одлични вести – Погба е спремен!

Мурињо добива одлични вести – Погба е спремен!

Манчестер Јунајтед вечерва ја дочекува Севиља во реваншот од 1/8 финалето во Лигата на шампионите.

После 0:0 во Шпанија, Јунајтед вечерва има тешка задача и мора до победа доколку сака пласман во следната фаза од најелитното европско натпреварување.

Прашање е како ќе се постави Жозе Мурињо, дали Јунајтед ќе тргне со намера од почетокот да го реши прашњето на победникот или пак ќе чека грешка на противникот.

Како и да е, на неколку часа пред почетокот на натпреварот Португалецот доби одлични вести. Пол Погба кој беше под знак прашалник и ги пропушти последните неколку натпревари најверојатно вечерва ќе биде од првата минута на теренот.

Според тоа се очекува Јунајтед да стартува со следниов тим: Де Геа, Валенсија, Смолинг, Бејли, Јанг, Матиќ, Погба, Мата, Санчез, Рашфорд и Лукаку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Канаваро ја откри големата желба: Сакам да ја водам Италија!

Фабио Канаваро мечтае за клупата на „аѕурите“, а сè уште нема одговор зошто Удинезе не го …