Жозе Мурињо денес реши еден од трите проблеми, Тоби Алдервилд го продолжи договорот до 2023 година.
Алдервилд во Тотенхем пристигна летото 2015 година. До денес одигра 179 натпревари во сите натпреварувања. Минатата сезона беше во тимот на 50 од 58 натпревари, беше стартер на 12 од 13 натпревари на патот до финалето во Лигата на шампионите, во актуелната сезона во Премиер лигата пропушти само еден натпревар.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Ова најдобро зборува за неговата важност за Тотенхем.
Сега наредни две цели на Даниел Леви и Мурињо ќе биде потпишување на договор со Кристијан Ериксен и Јан Вертонген. И едниот и другиот доколку не ги продолжат договорите во јануари ќе бидат слободни да отворат преговори со други клубови.