Динамо Загреб наскоро би можел повторно добро да заработи, со оглед на фактот што за нивниот „бисер“ е силно заинтересиран Манчестер Јунајтед.
Имено, англиските медиуми тврдат дека Мурињо е силно заинтересиран за младиот играч за врска на Динамо, Никола Моро.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
19-годишниот Моро го привлече вниманието на многу европски гиганти со своите партии за Динамо Загреб. Медиумите тврдат дека хрватскиот клуб веќе одбил понуда на Шахтјор Донецк од 12,5 милиони евра.
Моро оваа сезона запиша 36 настапи за Динамо Загреб, а во татковината веќе го нарекуваат „новиот Модриќ“.
Англиските медиуми пренесуваат дека за неговата слобода хрватскиот клуб ќе бара 20 милиони евра.