Англискиот весник „Тајм“ денес пренесува дека Лук Шо веќе го одиграл последниот меч за Манчестер Јунајтед и за него повеќе нема место на „Олд Трафорд“.
Левиот бек кој откако пристигна од Саутемптон се мачи со повреди и никогаш не ја достигна вистинската форма, наводно влегол во расправија со Жозе Мурињо, па двајцата воопшто не комуницираат.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Шо е фрустриран бидејќи оваа сезона нема одиграно ниту една минута, наводно бил многу нервозен што не доби шанса ни во Лига купот, па готово сигурно ќе ја промени средината во зимскиот преоден рок.
„Тајмс“ шпекулира дека ова е само „игра“ на Мурињо кој сака да се ослободи од Шо и така да направи место за левиот бек на Тотенхем, Дени Роуз, кој е голема желба на „Специјалниот“.