Дома Фудбал Англија Мурињо го губи компасот: Јунајтед поблиску до дното отколку до врвот

Мурињо го губи компасот: Јунајтед поблиску до дното отколку до врвот

Очигледно е дека дојдоа тешки денови за некогаш најдобриот тренер на светот Жозе Мурињо, на кој никако да му тргне на клупата на Јунајтед.

Иако оваа сезона е означена како последна прилика за Мурињо, се чини дека за сега во неа не се снаоѓа најдобро, а тоа го покажува и табелата во ПЛ.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Јунајтед често се мачи на натпреварите во кои никогаш не сте очекувале такво нешто, а вистински доказ е вчерашното реми на Олд Трафорд против Кристал Палас.

После споменатиот натпревар, Јунајтед се наоѓа на 7. позиција на табелата со дури 15 бода помалку од лидерот Манчестер Сити и 12 бода повеќе од последно пласираниот Фулам, што значи Црвените ѓаволи, бодовно гледано се поблиску до дното отколку до врвот на табелата.

Секако дека челниците на овој клуб нема да имаат уште многу трпение за Португалецот и нема да не изненади ако не ги дочека новогодишните празници на менаџерското столче.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Капело избра четири фудбалски генијалци: „Кристијано не е тоа“

ФАБИО КАПЕЛО, легендарниот италијански тренер, на доделувањето на наградата Лауреус зборув…