Италијанските медиуми пренесуваат дека Рома е силно заинтересиран за играчот на Тотенхем, Ерик Ламела.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Жозе Мурињо одлично го познава Ламела бидејќи двајцата соработуваа во Тотенхем и сака да го донесе во Рома ова лето.
Аргентинецот својата фудбалска афирмација ја доживеа токму во Рома, од каде се пресели во Тотенхем.
Ламела не добива голема минутажа оваа сезона и е спремен да се врати во Серија А.
28-годишниот Аргентинец на лето влегува во последната година од договорот, а Тотенхем за неговата слобода бара 15 милиони евра.