Дома Фудбал Мурињо: Господата Бонучи и Киелини би можеле да предаваат одбрана на Харвард

Мурињо: Господата Бонучи и Киелини би можеле да предаваат одбрана на Харвард

Жозе Мурињо во свој стил го прокоментира поразот од Јувентус во Лигата на шампионите.

Манчестер Јунајтед не е во некоја добра форма, а потврда за тоа стигна и вчера кога Јувентус на „Олд Трафорд“ ги победи со 0:1.

Мурињо во овој натпревар посебно воодушевен беше од настапот на Џорџо Киелини и Леонардо Бонучи.

„Господата Бонучи и Киелини би можеле да биде предаваат на Харвард за тоа како се игра одбрана. Фантастично, асполутно фантастично“, изјави Мурињо.

Потоа Португалецот и се пожали дека му недостасувал важен играч.

„Го немаше Фелаини да го промени текот на натпреварот, како што тоа го правеше повеќе пати до сега“, истакна „Специјалниот“.

Мурињо за крај потенцираше и дека после ждребот очекувал Манчестер Јунајтед да се бори за втората позиција во групата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Минути во Реал нема, но Мурињо има желба за Ендрик кај Анчелоти

Ендрик добива малку простор во Мадрид, а Мурињо се надева дека напаѓачот ќе игра повеќе во…