Дома Фудбал Англија Мурињо: Ги немаме Нистерлој, Кин, Видиќ…Оставете не на мира

Мурињо: Ги немаме Нистерлој, Кин, Видиќ…Оставете не на мира

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо повторно мораше да се брани на прес конференцијата откако неговиот тим одигра 2:2 на домашен терен против Арсенал.

Манчестер Јунајтед за победа во Премиер лигата не знае веќе подолго од месец, но Мурињо порачува дека е задоволен како неговите момци се бореле за дресот. Исто така, напомена дека во одбраната играле слабо и дека на клупата имало паника кога Арсенал ќе дојде во шеснаесетникот на Јунајтед.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Постигнавме четири гола и одигравме 2:2. Како и секогаш, направивме грешки и плативме за нив. Сепак, благодарение на тимскиот дух успеавме да се вратиме. Играчите играа до самите граници на своите можности, иако знам дека се уморни. Покажавме душа и срце, на пример, Рашфорд даде се за дресот. Но, дури и на клупата се чуствуваше шаника кога Арсенал ќе дојде на нашата половина.“ – изјави Мурињо и порача на новинарите да не го споредуваат Манчестер со оној кога играа Нистерлој, Кин или Видиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ова е причината поради која Чави реши да остане во Барселона

Чави и понатаму останува тренер на Барселона. Претходно оваа сезона Чави најави дека ќе го…