Италијанските медиуми пренесуваат дека португалскиот играч за врска, Ренато Санчез е главна трансфер цел на Рома.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ренато Санчез важеше за најголем европски талент, направи трансфер во Баерн каде не се снајде. Сега ја „оживеа“ својата кариера во Лил, каде веќе втора сезона игра фантастично и го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Жозе Мурињо сака да направи силен тим во Рома и како прва трансфер цел го посочил својот сонародник, а се верува дека агентот Жорге Мендеш ќе му помогне во реализација на трансферот.
Лил за неговата слобода бара околу 30 милиони евра, сума која Рома е спремна да ја плати за да ја исполни желбата на новиот тренер.