Дома Фудбал Англија Мурињо: Во Манчестер не ми дадоа доволно време

Мурињо: Во Манчестер не ми дадоа доволно време

Жозе Мурињо смета дека работите на „Олд Трафорд“ можеле да бидат поразлични ако добиел вистинска подршка и време од управата на клубот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Португалецот ги предводеше „црвените ѓаволи“ од јули 2016 година до декември 2018 година, па доби отказ по серијата на лоши резултати.

„Во тој одреден период ов мојата кариера, во таков профил на клуб кој го имав во раце, не ми беше дадено доволно време за постигнам вистински резултат, како што тоа го направив во Порто, Интер, Реал Мадрид и во Челзи. Едноставно мојата желба за да пробам поразлични работи и моите луди желби да успеам секаде, значеше промена, не само поради победите туку едноставно морав да направам промена, а за тоа немав доволно време во Јунајтед. Таму мојата работа беше прекината на средина од процесот, но научив да ја почитувам таа одлука, а истото го направи и Јунајтед“, изјави Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

(Фото) Вардарци го кренаа шампионскиот пехар

Македонскиот фудбалски клуб Вардар во последното коло славеше со 3-0 против Шкендија, а по…