Еден Азар беше еден од најдобрите фудбалери во светот, но откако направи трансфер во Реал Мадрид неговата кариера тргна во надолна линија.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Во последните две сезони Азар се мачи со повреди, а кога е на терен, тој е само бледа сенка на играчот кој го гледавме во Челзи.
Жозе Мурињо ја откри вистината за Азар и тврди дека тој е неверојатен играч, но проблем е што ужасно лошо тренира.
„Вистината за Еден Азар? Вистината е дека е неверојатен играч е, но ужасно тренира. Може само да се замисли каков фудбалер ќе беше ако имаше професионален пристап кон тренинзите. Еден е прекрасен и семеен човек. Не изгледа како фудбалер од актуелната генерација. Тивок е и целосно фокусиран на своите најмили, децата и родителите. Живее многу мирен живот. Но, секое утро излегува на теренот и… не работи многу“, откри Мурињо.
„Она што го гледате од него на теренот е само одраз на неговиот талент, а не на неговата работа. Кога станува згор за подготовките, кондицијата, брзината, тоа би можело да биде многу подобро. Во Реал е повеќе повреден отколку во Челзи. Таму западна во така негативна спирала на повреди и веројатно тоа ќе има влијание на неговата кариера“, додаде Португалецот.