Дома Фудбал Перфекционист! Мурињо бил до Минхен за го гледа загревањето на Лајпциг

Перфекционист! Мурињо бил до Минхен за го гледа загревањето на Лајпциг

Во ерата на модерната технологија кога се е достапно со еден клик, Жозе Мурињо се одлучи за едни постари методи – гледање на противникот во живо.

Мурињо можеше натпреварот помеѓу Баерн и Лајпциг да го гледа од неговиот дом во Лондон, но Португалецот не сака да препушти ништо на случајноста и сакал се да види за да го запознае подобро противник.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Тотенхем во Лигата на шампионите ќе игра против Лајпциг, а овој тим вчера во Бундес лигата играше против Баерн Минхен и тој натпревар заврши 0:0.

Медиумите го забележаа Мурињо, па го запрашаа за неговото присуство. „Специјалниот“ објасни дека е тука за да види работи кои во преносот не можат да се видат.

„Важно е да бидете на лице место. Во живо можете да посветите внимание на сите детали. Дури и на загревањето. Можев да го видам она што на телевизија или снимка го нема. Сакав да ги гледам играчите како се загреваат и како се однесуваат индивидуално. Понекогаш вештините на еден играч се скриени во текот на натпреварот, но нив можете да ги видите на загревањето. Интезитетот е поинаков. Многу е различно кога анализирате натпревар кој го гледате во живо и натпревар кој го гледате во тв пренос. Не смеев да ја пропуштам оваа прилика“, изјави Мурињо.

Тотенхем против германски Лајпциг кој игра одлично оваа сезона ќе се сретне во осминафиналето од најелитното европско натпреварување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фантастична вест за Гвардиола и Манчестер Сити: Родри се враќа побрзо од предвиденото?!

Екипата на Манчестер Сити поминува низ најголемата криза во клубот откако Пеп Гвардиола ги…