Дома Трансфер зона „Мундо Депортиво“ најавува неочекуван трансфер на Кутињо

„Мундо Депортиво“ најавува неочекуван трансфер на Кутињо

Фелипе Кутињо сигурно е едно од најголемите промашувања во историјата на Барселона, а во јануари тој би можел да го напушти „Камп Ноу“.

Откако пристигна во јануари 2018 година за 135 милиони евра, Бразилецот доби прилики, но не ги искористи. Кутињо во Барселона заработува 22 милиони евра што е премногу за играч кој не е стартер и во клубот бараат начин да се ослободат од него уште во јануари.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Се споменуваше Њукасл со новите сопственици, но од тоа нема да биде ништо, меѓутоа сега се појави нова опција за враќање во Премиер лигата.

Имено, „Мундо Депортиво“ објави дека офанзивецот може да стане нов играч на Евертон што би било предаство за навивачите на Ливерпул каде што Кутињо го играше најдобриот фудбал во кариерата.

Кутињо секако е далеку од формата со која настапуваше за Ливерпул, но сигурно на фановите на „црвените“ нема да им се допадне својот поранешен миленик да го гледаат во дресот на градскиот ривал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул се засилува со португалски дефанзивец

Ливерпул е сериозно заинтересиран да го доведе дефанзивецот на Спортинг Лисабон, Гонзало И…