Барселона во овој момент не игра во добра форма, посебно во Ла Лига каде што се три натпревари без победа.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Поради ваквата ситуација во клубот шпанските медиуми пишуваат дека гигантот од Каталонија ќе реагира веќе во јануарскиот преоден рок и за тоа наводно имаат спремено сума од 180 милиони евра!
На мета на Барселона се двајцата баварци, Кимих и Алаба, потоа Де Јонг и Де Лихт од Ајакс, како и Николас Таљафико.
Респектабилниот „Мундо Депортиво“ денес објави дека во Барселона очекуваат споменатата сума од 180 милиони евра да биде доволна за реализација на плановите и засилување на ростерот со посакуваните имиња.
Гледајќи ја моменталната ситуација јасно е дека најголем проблем е последната линија во тимот. Тука се повреди на подолг период најсигурниот стопер во овој момент на Каталонците, Самуел Умтити, додека Жерар Пике минува еден од најлошите периоди во неговата кариера.