Дома Фудбал Мундијалот и донесе вртоглава заработка на Англија

Мундијалот и донесе вртоглава заработка на Англија

Одличното претставување на Англија на Светското првенство и пласманот во четвртфиналето, се одразува исклучително поволно на локалната економија.

Досега, економијата на островот има раст од 1,3 милијарди фунти, а оваа сума може да се зголеми на 2,7 милијарди ако „Трите лавови” успеат да стигнат до финалето.

„Секој гол на Англија носи 165,3 милиони фунти на трговците, кои продаваат предмети со логото на националниот тим, и уште 33,2 милиони фунти на локалите во кои се гледаат средбите. На минатото светско првенство Англија отпадна уште во групите на турнирот, така што приходите за економијата беа минимални“, изјави Бамфилд, професор на Институт.

Тој додаде и дека Светското првенство дава многу поголема слобода на луѓето да донесуваат одлуки за инвестиции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал се прости од Питер Стори: Почина поранешниот дефанзивец со 501 настап

Питер Стори почина на 81-годишна возраст. Поранешниот дефанзивец мина 12 години во Арсенал…