Дома Фудбал Останато Мојс: Погба не е Меси или Роналдо ама Јунајтед мора да го задржи

Мојс: Погба не е Меси или Роналдо ама Јунајтед мора да го задржи

Поранешниот тренер на Манчестер Јунајтед, Дејвид Мојс смета дека Манчестер Јунајтед мора да го задржи Пол Погба.

Цело лето се пишуваше потенцијалното заминување на Французинот, а како најсериозен кандидат да го доведе се споменуваше Реал Мадрид.

„Погба и понатаму е најдобриот играч од средината на Манчестер Јунајтед. Би можел да игра за било кој тим во светот, сигурно и во Европа. Иако не сум сигурен дека секогаш може да направи разлика. Не мислам дека може да влијае на играта како Меси или Роналдо, но Јунајтед не смее да си дозволи да остане без него“, смета Мојс.

Погба поради повреда на зглобот не е на располагање на Солскјер од почетокот на октомври.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Роберто Солдиќ со победа на дебито во UFC!

Роберто Солдиќ го оствари својот прв триумф во UFC, победувајќи го Хаос Вилијамс на спекта…