Дома Фудбал Англија Мојс: И јас би сакал да ви кажам дека сме кандидати за титулата

Мојс: И јас би сакал да ви кажам дека сме кандидати за титулата

Tимот на Вест Хем е најпријатното изненадување во досегашната сезона во Премиер лигата.

За викендот Вест Хем запиша уште една голема победа и тоа против Ливерпул со 3:2 и така се искачи на третата позиција со три бода заостанување зад лидерот Челзи.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Иако се во врвот и блиску до лидерското место Мојс не го гледа својот тим како кандидат за титулата.

„Секогаш сум позитивен и сакам да бидам. И јас би сакал да ви кажам дека сме кандидат, но не мислам така. Во минатата сезона само за два бода не го освоивме четвртото место, па сега сакаме да бидеме барем во топ 4. Сепак, сезоната е долга, но морам да кажам дека чувството во овој момент ен авистина добро“, изјави Мојс.

Вест Хем е во серијата од четири победи, а во 12. коло ќе игра на гости против Вулверхемптон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Миовски избран за најдобар фудбалер на сезоната во Абердин

Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски ја доби наградата за најдобар фудбале…