Тренерот на Вест Хем Дејвид Мојс е свесен дека неговиот клуб тешко ќе го задржи Даклан Рајс поради интересот од големите клубови.
Зад себе англискиот репрезентативец има неколку добри сезони и неговата цена на трансфер пазарот постојано е во пораст. Мојс сега порача дека фудбалерот не е на продажба, но може да замине ако некој клуб плати астрономска сума.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Цената на Рајс е повеќе од 100 милиони фунти. Минатото лето 100 милиони беше малку. Сега можеби 150 милиони фунти ќе бидат доволни, тој не е напродажба“, изјави Мојс.
Во медиумите на Островот Рајс подолго време се поврзува со Манчестер Јунајтед затоа што се најавува заминување на Пол Погба и Немања Матиќ.