Дома Македонски спорт Мојсоски го прифати и го дополни предизвикот од Борко (ФОТО)

Мојсоски го прифати и го дополни предизвикот од Борко (ФОТО)

Македонскиот репрезентативец и од неодамна член на Вардар, Борко Ристовски постојано апелира да се купуваат македонски производи и на тој начин да се помогне на економијата во нашата земја.

Пред неколку дена тој го предизвика Наумче Мојсоски преку неговиот Инстаграм профил.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Мојсоски го прифати предизвикот, но го дополни и го поправи Борко дека неговото презиме се пишува со голема буква како и секое друго.

“Предизвикот на Борко Ристовски не само што е прифатен туку е надграден. Не само што купувам македонски произвоиди туку и донирам кон оние на кои им е најпотребно, особено во време на криза. Доброто со добро се враќа.Борко, донирав јас, донирај и ти. Патем, приклучи се на иницијативата #Спортистипротивкоронавирус заедно да ја победиме оваа утакмица, утакмица за здравјето на сите наши граѓани.Топката е фрлена.

ПС: Ристовски, моето презиме како и сечие, се пишува со голема буква“, стои во објавата на Мојсоски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…