Дома Фудбал Останато Морати открива емотивен момент на Мурињо: Го барав насекаде и го најдов во автобусот како плаче

Морати открива емотивен момент на Мурињо: Го барав насекаде и го најдов во автобусот како плаче

mourinho

Поранешниот прв човек на Интер, Масимо Морати за италијанските медиуми откри дека има навистина убави спомени од времето додека Жозе Мурињо бил тренер на Интер, но еден посебно ќе му остане во сеќавање.

Мурињо со Интер во 2010 година ги освои сите трофеи, а титулата во Лигата на шампионите беше круна за одличната сезона на клубот од „Џузепе Меаца“. Морати се потсети на времето кога португалскиот тренер беше на клупата на овој тим, посебно во моментите кога успеаа да дојдат до титулата шампион на Италија.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Се сеќавам дека тоа беше после натпреварот против Сиена, навистина тешко дојдовме до таа титула. После натпреварот насекаде го барав Мурињо, но никој не знаеше каде е. Како да пропаднал во земја. На крајот случајно го најдов во нашиот автобус и го видов како лежи на подот и плачев. Тука ги покажа сите емоции кои на теренот не можевме да ги видиме“, изјави Морати и додаде.

„Мурињо ни беше интересен уште додека беше во Порто, но не после освојувањето на Лигата на шампионите, туку претходно. Се сеќавам после натпреварот против Депортиво Ла Коруња кога новинарите го критикуваа поради ремити, тој само им одговори дека воопшто не размислува за тој натпревар и дека го интересира само финалето во Лигата на шампионите. На крај и нас не одведе до финалето, но искрено ние со победата против Барселона во полуфиналето како веќе да ја освоивме титулата. Во финалето знаевме дека остваривме многу и игравме многу по опуштено од Баерн“, откри поранешниот прв човек на Интер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барселона се засилува со ѕвездата на Манчестер Сити!?

Бернардо Силва е голем фан на Барселона, каде впрочем живее и дел од неговото семејство, а…