Алваро Мората ќе го напушти Атлетико Мадрид и негова желба е да се врати во Италија, пренесува Фабрицио Романо.
Шпанскиот капитен наводно по третпат во кариерата сака да го облече дресот на Јувентус.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„За Мората враќањето во Италија е приориет. Го чека Јувентус, сака да се врати и се надева на позитивен одговор“, истакна Романо во своето обраќање.
Кариерата Мората ја започна во Реал Мадрид, а од 2014 до 2016 година го носеше дресот на Јувентус. Потоа повторно се врати во Реал кој го продаде во Челзи. Од 2019 година е играч на Атлетико, меѓутоа од 2020 до 2022 настапуваше во Торино како позајмен играч. Сега сака и по третпат да го облече дресот на „старата дама“.
За репрезентацијата на Шпанија Мората одигра 77 натпревари и постигна 36 гола.