Дома Трансфер зона Мората е пред трансфер во Милан, а главен виновник е – Ибра!

Мората е пред трансфер во Милан, а главен виновник е – Ибра!

Алваро Мората е пред трансфер во Милан, а најголеми заслуги за тоа има Златан Ибрахимовиќ. Како што објавуваат италијанските медиуми, Швеѓанецот лично му се јавил на Мората и го убедил да ја прифати понудата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Џошуа Зиркзе е пред трансфер во Манчестер Јунајтед, Милан извиси од таа трка и затоа вниманието го насочи кон Мората.

Во договорот на Мората има откупна клазула од 13 милиони евра која не е проблем за Милан, па затоа потешкиот дел кд работата бил да се постигне договор со Шпанецот.

Во таквата ситуација на сцена стапил Ибрахимлвиќ кој му се јавил на Мората и го убедил во проектот на Фонсека.

Наводно Ибрахимовиќ му објаснил на Мората дека на него сериозно сметаат и очекуваат да биде големо засилување. Во моментов има одредени разлики околку економските детали, Милан нуди тригодишен договор и плата од 4 милиони евра по сезона, додека пак Алваро Мората преферира четиригодишна соработка и примања од 5 милиони евра по сезона. Сепак, разликата не е голема и се очекува двете страни да се договорат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…