Дома Фудбал Англија Мората: Денес ме навредуваат на улица, а никој не знае низ што поминував

Мората: Денес ме навредуваат на улица, а никој не знае низ што поминував

Шпанскиот напаѓач, Алваро Мората пред почетокот на сезоната пристигна во Челзи од Реал Мадрид како големо засилување, но во својата прва сезона не ги оправда очекувањата.

Челзи за Мората плати скоро 70 милиони евра и изгледаше дека шпанскиот напаѓач ќе биде одлично засилување. Мората одлично започна, но после само неколку недели работите се променија.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Мората играше, но не успеваше да постигне гол или да остави добар впечаток на теренот, а од Челзи дури неодамна соопштија дека имал големи проблеми со грбот, повреда која се уште го мачи. Шпанецот направил голема грешка што се обидел да игра иако бил свесен дека е подобро да паузира.

„Ова за мене беше најтешката сезона во кариерата, а се започна одлично. Забележав дека сите ме сакаат, постигнував голови, но сега сето тоа е друга приказна. Кога луѓето ќе ме сретнат на улица ми дофрлуваат секакви работи, а никој од нив не знае низ што поминував, тоа го знае само мојата сопруга“.

„Најдобро беше да го скинам мускулот и да бидам три месеци надвор од терените. Вака времето го минував во незнаење, чуствував болки, а никој не знаеше во што е проблемот. Сакав да играм, подоцна откривме дека ме мачи грбот. Тогаш мојата сопруга се поради и сакав да играм и да постигнам гол кој ќе посветам на нашето бебе. Но, тоа беше голема грешка. Морав да престанам, бидејќи кога си повреден тоа е тоа, не се може ништо со сила“, изјави Мората.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Tим кој би бил фаворит во Лигата на шампионите: Еве како ќе изгледаше Спортинг ако не продаваше (ФОТО)

Eкипата на Спортинг Лисабон важи за еден од најголемите расадници на таленти во светот и о…