Фудбалерот на Милан, Алваро Мората изјави дека бил принуден да се пресели со семејството од безбедносни причини, откако градоначалникот Корбета откри дека шпанскиот фудбалер купил куќа во неговиот град.
Мората во јули се пресели од Атлетико Мадрид во Јувентус, а италијанските медиуми објавија дека купил куќа во Корбета, град на 27 километри западно од Милано, со цел да ја обезбеди приватноста на семејството.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Шпанскиот фудбалер беше бесен кога градоначалникот на Корбет Марко Баларини ја сподели веста за доаѓањето на Мората на социјалните мрежи во средата.
🇮🇹 Crazy story today in Italy…
— Inter Xtra (@Inter_Xtra) October 3, 2024
The Mayor of a small municipality outside of Milan, Corbetta, posts on Instagram that, despite being an #Inter fan, he is happy to welcome Milan striker Álvaro Morata to the town, who has just bought a new home.
Morata posts on his Instagram… pic.twitter.com/MGOgDpHOau
„Почитуван господине градоначалник, ви благодарам што ја нарушивте мојата приватност. За среќа, не поседувам вредни средства. Моето единствено богатство се моите деца, чија безбедност ја загрози“, напиша Мората на Инстаграм.
„Мислев дека општината Корбета може да ми гарантира одредено ниво на приватност, но наместо тоа морам веднаш да се преселам поради вашата неспособност да ги користите социјалните медиуми и да ги заштитите вашите граѓани“, додаде тој.
Баларини призна дека е фан на Интер, големиот ривал на Милан, но во најавата му посака добредојде на Мората. Градоначалникот на Инстаграм го објави амблемот на Интер со порака „Здраво“.
The mayor of Corbetta announces on Instagram (i that Alvaro #Morata has decided to settle down in his city to live there. The Spanish striker “thanks him for violating his privacy” and announced that he needs to move to a new home 🏠. pic.twitter.com/ITUYq5deYw
— Football Master (@Foot_Masters) October 3, 2024