Рома е една од најактивните на трансфер пазарот, Мончи изгледа превзема иницијатива на трансфер пазарот.
Откако Рома ја заврши работата и во своите редови го доведе еден од најталентираните играчи во светот, Џастин Клајверт, на скоро би можеле добијат и еден Португалец и тоа бесплатно.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Клајверт пристигна за 15 милиони евра, а Ајакс ќе добие уште пет преку бонуси. Следен кој се очекува да допатува во Рим наводно е Португалецот – Бруно Фернандеш од Спортинг.
Соиграчот на нашиот Стефан Ристовски го раскина договорот и како и Бас Дост, Вилијам Карваљо и Желсон Мартинс сега е слободен агент, а Рома изгледа ќе ја искористи ситуацијата.
Серија А за Фернандеш е добро позната дестинација, претходно го носеше дресот на Удинезе и Сампдорија.
Според италијанските медиуми во овие моменти се договораат околу платата и очекувањата се дека наскоро договорот ќе биде и постигнат.