Дома Фудбал Монтела им понуди лек на директорите, тие му спремаат отказ

Монтела им понуди лек на директорите, тие му спремаат отказ

Милан одигра уште една очајна партија против АЕК во Лигата на Европа и не успеа да победи, а навивачите со свирежи ги испратија фудбалерите.

Еден од директорите, Мирабели во второто полувреме се симна од трибините на клупата и беше видно вознемирен после натпреварот.

На пресконференцијата тренерот Монтела невкусно се пошегува и изјави дека има пријател фармацевт кој ќе им препише на директорите лекови за брзо да ги пребродуваат поразите.

„За разлика од мене кој што играв фудбал, тие не се навикнати да губат“, заклучи Монтела.

Сепак, медиумите на Апенините се сигурни дека столчето на Монтела сериозно е разнишано и доколку не успее да победи против Џенова овој викенд ќе добие отказ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ковач здивна по долгите патувања: Дортмунд дома брка прекин на ремијата

Борусија го пречекува Ајнтрахт по три гостувања во низа. Традицијата е силно на нејзина ст…