Шпанските медиуми пренесуваат дека тренерот на Севиља, Винченцо Монтела инисистира да донесе двајца фудбалери од Серија А во својот тим.
Бившиот тренер на Милан сака да ги донесе во Севиља Симоне Верди од Болоња и Јосип Иличиќ од Аталанта, притоа му соопштил на спортскиот директор Оскар Аријас да започне да работи на трансферите.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Иличиќ оваа сезона игра одлично во дресот на Аталанта каде постигна 14 гола и запиша 9 асистенци. Монтела одлично ги познава неговите квалитети бидејќи работеше со него во Фиорентина.
Симоне Верди е на радарот на Наполи и тимот од Андалузија сигурно нема лесно да дојде до неговиот потпис. Неговата цена се движи околу 30 милиони евра, а Верди веќе има искуство во Шпанија, бидејќи една сезона помина како позајмен фудбалер во Еибар.