Дома Останати Кошарка НБА Монструозен настап на Дончиќ: Трипл-дабл и тројка со звукот на сирената за победа!

Монструозен настап на Дончиќ: Трипл-дабл и тројка со звукот на сирената за победа!

Во вториот натпревар од финалето на Западната конференција, Далас Маверикс на гостински терен ја победи Минесота со 109:108 и поведе со 2:0 во серијата.

Херој на Мавс и во овој натпревар беше словенечкиот репрезентативец Лука Дончиќ, кој на три секунди до крајот погоди над Руди Гоберт за победа на Далас.


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


Домаќинот имаше шут за победа, но Конли промаши, а тоа Дончиќ го казни на спротивната страна.

Дончиќ го заврши натпреварот со 32 поени, 13 асистенции и десет скока, додека Ирвинг додаде 20 со шест асистенции и четири скока. Гафорд мечот го заврши со 16 поени и пет скока, а Лајвли постигна 14 поени со девет скока и две асистенции, додека двоцифрен беше Вашингтон со десет поени и пет скока.

Во редовите на Минесота, Рид беше најдобар со 23 поени и два скока, додека Едвардс додаде 21 со седум асистенции и пет скока, а Конли го заврши натпреварот со 18 поени и пет скока и исто толку асистенции. Гоберт додаде 16 со десет скока и две асистенции, а двоцифрен беше и Таунс со 15 поени, седум скока и три асистенции.

Серијата сега се сели во Тексас кога Мавс ќе имаат можност со две победи да обезбедат пласман во големото НБА финале.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Англија ја победи Србија, но не прикажа шампионска игра 🎥

Репрезентацијата на Англија ја победи Србија во последниот натпревар од денешната програма…