Дома Фудбал Момчето од 120 милиони приреди спектакл: Погледнете го голот на Аргентинецот од слободен

Момчето од 120 милиони приреди спектакл: Погледнете го голот на Аргентинецот од слободен

Оваа сезона очајниот Челзи го одигра можеби најдобриот натпревар под водство на Маурисио Покетино. „Сините“ на „Вила Парк“ ја совладаа Астон Вила со 3:1 и се пласираа во осминафиналето на ФА Купот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Гостите од Лондон феноменално влегоа во натпреварот и веќе по 20 минути игра имаа два гола предност.

Челзи поведе во 11. минута. Конор Галагер погодува за 1:0, а само десет минути подоцна Николас Џексон го зголемува водството на 2:0.

Со овој резултат се замина на полувреме, а во 54. минута следуваше најубавиот гол сезонава на лондонскиот клуб. Тоа го постигна човекот од 120 милиони евра, Енцо Фернандез.

Вакви голови дефинитивно се очекуваат од човек кој е платен нереални 120 милиони евра и чија експлозија на Стемфорд Бриџ одамна се чека.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вардар најде голман во Струмица!

Вардар продолжува да го гради тимот за новата сезона, а најново засилување во редовите на …