Дома Фудбал Англија Моис Кин после само една година го напушта Евертон?

Моис Кин после само една година го напушта Евертон?

Евертон претходното лето од Јувентус го купи Моис Кин, момчето од кое се очекуваше многу во сезоната која моментално е прекината.

Сепак, Кин не ги оправда очекувањата, а се чини дека после само една сезона ќе го напушти Евертон.

Италијанецот постигна само еден погодок и запиша две асистенции, а Анчелоти веќе одлучил да го продаде.

Англиските медиуми пишуваат дека најголем интерес за него покажува Интер, кој во него гледа идеална замена за Мартинез.

Анчелоти од друга страна сака од продажбата да заработи дополнителни финансии кои ќе ги искористи за реконструкција во одбраната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Јувентус ја следи состојбата со крилото на Арсенал

Италијанскиот гигант Јувентус го следи крилото на Арсенал Нони Мадуеке со идеја за можно п…