Дома Трансфер зона Може ли на новиот стадион на Тотенхем да заигра ЅВЕЗДАТА која сите ја посакуваат?

Може ли на новиот стадион на Тотенхем да заигра ЅВЕЗДАТА која сите ја посакуваат?

totenham real madrid

Спарсите наредното лето добиваат нов стадион, а првиот човек на клубот наводно спрема големо изненадување…

„Петлите“ оваа сезона своите натпревари ги играат на „Вембли“, но тоа е само привремено решение додека не се изгради нов стадион.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од наредното лето Тотенхем своите натпревари ќе ги игра на својот нов стадион кој ќе вреди 750 милиони фунти.

Сепак, Даниел Леви и покрај големата сума потрошена за новиот стадион има намера да го собори и рекордот на клубот кога во прашање е сумата за која е доведен еден фудбалер.

Според англиските медиуми Леви подготвува изненадување кое ќе ги воодушеви сите фанови на овој клуб, наводно ни помалку, ни повеќе тој сака во клубот да го врати одличниот Велшанец, Герет Бејл.

Бејл има проблеми во Реал каде што пристигна за 101 милион евра од Тотенхем. Неодамна заработи нова повреда, па се повеќе се шпекулира дека може да ги напушти „кралевите“.

Како што се пишува, Спарсите се спремни да го вратат во своите редови и тоа за сума од 60 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…