Дома Фудбал Англија Може ли Гвардиола на крај да победи: Подготвена е новата понуда за Санчез

Може ли Гвардиола на крај да победи: Подготвена е новата понуда за Санчез

Откако Арсенал беше посрамотен од Ливерпул изминатиот викенд, Алексис Санчез им даде до знаење на челниците на „Топчиите“ дека сака да го напушти клубот. Секако, Манчестер Сити, кој неодамна се поврзува со трансферот на Санчез, веднаш стапи во „офанзива“.

Набрзо на адресата на Арсенал стигна прва понуда од Сити за фантастичниот чилеански напаѓач. „Граѓаните“ беа подготвени да исплатат 50 милиони фунти за услугите на Алексис Санчез, но оваа понуда Арсенал лесно ја одби.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Како што се наведува, Арсенал беше заинтересиран за трансфер кој вклучува и размена на играчи, па „Топчиите“ во замена за Санчез сакаа да го добијат Стерлинг и нешто пари.

Од друга страна, Пеп Гвардиола не сака да остане без Стерлинд, но затоа Сити посготвува нова фантастична понуда со која ќе се потрудат да ги убедат челниците на лондонскиот тим на продажба на својот најдобар напаѓач.

Манчестер Сити ќе понуди 70 милиону фунти за Санчез кој е под договор со Арсенал на уште една година, но дали тоа ќе биде доволно за клубот од „Емирати“ останува да видиме.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ливерпул се засилува со португалски дефанзивец

Ливерпул е сериозно заинтересиран да го доведе дефанзивецот на Спортинг Лисабон, Гонзало И…