Од Лондон пристигнуваат навистина убави вести за Санти Казорла, кој наскоро би можеле да го гледаме повторно на терените.
Шпанецот го одигра последниот меч за „Топчиите“ во октомври 2016. година против Лудогорец во Лигата на шампионите.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Постоеше опасност дека ќе мора да ја заврши кариерата, неодамна призна дека малку недостатувало да му се ампутира стапалото поради инфекција во текот на операцијата, но за среќа тоа не се случи.
Арсен Венер поради сериозност на ситуација одбиваше да зборува за враќањето на Казорла во погон, но според најсвежите информации, „Професорот“ го врати на списокот играчи на кои ќе смета во нокаут фазата од Лига Европа.
На тој список се наоѓа и Хенрик Михтаријан со тоа што на ова натпреварување ќе го носи бројот 77, бидејќи „седумката“ веќе ја носеше Алексис Санчез, а на него е и Гркот, Констатинос Мавропанос, додека Обамејанг не е на списокот.