Милан ова лето беше прилично активен на трансфер пазарот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
На „Сан Сиро“ помеѓу останатите пристигнаа Рафаел Леао, Фран Кеси, Тео Ернандез, Исмаел Бенасер, Раде Круниќ и ќе видиме како овој тим на Милан ќе играа сезонава во Серија А.
Едно од можните засилување за Милан ова лето беше и Лука Модриќ кој констатно се поврзуваше со „росонерите“. Играчот за врска повеќе пати „лајкнуваше“ објави на Милан на Инстаграм, а тие негови потези предизвикаа еуфорија помеѓу навивачите. На крајот не се случи ништо.
Сега Звонимир Бобан откри дека не постоеле реални шанси да го доведат Модриќ.
„Модриќ? Тој е голем миланиста, фантастичен играч, но не постоеа реални шанси да го доведеме. Не сакаше да го напушти Реал после лошата сезона и тоа многу зборува за него“, изјави Бобан кој денес е во управата на Милан.