Хрватскиот играч за врска Лука Модриќ беше прогласен за најдобар играч на Мундијалот во кој неговата Хрватска забележа пораз од Франција во финалето со 4:2.
Модриќ потенцираше дека секако му е мило поради титулата најдобар играч на светот, но дека во тоа не би успеал без помошта од неговите соиграчи.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Никогаш не е лесно кога ќе изгубите, можеме да бидеме горди бидејќи дадовме се од себе и бевме подобар противник во голем дел од натпреварот. Примивме несреќни голови. На крајот тие се радуваат, но ние можеме да бидеме горди. Горд сум на признанието. Би сакал да им се заблагодарам на играчите кои ми помогнаа, без нив ова не би било можно“.
„Кога ќе ја видиш поддршката од навивачите, тоа те прави уште повеќе среќен. Не е лесно кога ќе изгубите, но што е тука е“, изјави Модриќ.
Even the Sky is Crying for Croatia today.
You have Won Heart of Millions across the World!
Modric you are a legend!#WorldCupFinal #FRACRO pic.twitter.com/XFP1obrBGy— मुस्तौदा म्यान ?????????? (@Mustaudaman) July 15, 2018