Дома Фудбал Модриќ: Се смееме кога луѓето зборуваат дека имаме среќа

Модриќ: Се смееме кога луѓето зборуваат дека имаме среќа

Ѕвездата на Реал Мадрид, Лука Модриќ пред реванш полуфиналниот натпревар со Манчестер Сити изјави дека целта е пласман во финалето.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Модриќ истакна дека неговиот тим заслужено е на тоа место и дека е смешно тврдењето дека тимот има среќа.

„Се смееме на луѓето кои тврдат за нас дека имаме среќа. Воопшто не ни е грижа што зборуваат. Победувавме многу силни противници и освоивме многу трофеи, тоа не може да биде среќа“, изјави 36-годишниот плејмејкер.

„Утре е најважниот натпревар во сезоната. Јасно ни е дека треба да се справиме најдобро во сите аспекти: во одбрана, напад…Важно е да ја оствариме целта и да се пласираме во финале“, додаде Модриќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона со трета понуда за Родри

Откако Манчестер Сити ги отфрли првите две понуди на Барселона за Родри, кои беа соодветни…