Дома Топ вести Модриќ мета на критики, Реал веќе ја најде замената!

Модриќ мета на критики, Реал веќе ја најде замената!

Реал Мадрид оваа сезона игра под сите очекувања, а најмногу на удар на критичарите е најдобриот фудбалер на светот, Лука Модриќ.

Мадридскиот весник „АС“ најмногу критики има за Лука Модриќ, кој не игра на нивото на минатата сезона што, директно се одразува врз резултатите на тимот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Има 33 години и се потешко игра на ниво како некогаш. Солари внимателно го користи, но поради сите повреди, Модриќ премногу се троши. Тој е проблем кој Реал мора да го реши, а идеална замена би му бил Ериксен од Тотенхем“, смета авторот на текстот.

Шпанските медиуми се убедени дека Модриќ ја игра последната сезона на „Сантиаго Бернабеу“, а Реал веќе ја започнал операцијата за доведување на Кристиан Ериксен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Сејдини: Македонија може да има успех во Лигата на Нации, знам дека тоа го мисли и селекторот

На Редовното генерално Собрание на Фудбалската федерација (ФФМ) на Македонија, претседател…