Дома Фудбал Останато Модриќ: Мбапе мора да го напушти ПСЖ за да стане најдобар

Модриќ: Мбапе мора да го напушти ПСЖ за да стане најдобар

Најдобриот фудбалер во светот за 2018 година, Лука Модриќ му даде искрен совет на својот помлад колега Килијан Мбапе.

Мбапе на последниот Мундијал беше избран за најдобар млад играч во светот и важи за фудбалер кој во иднина ќе владее со светскиот фудбал.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Хрватот искрено му порача дека за да стане најдобар треба да го напушти ПСЖ, бидејќи играњето во француската лига не му дозволува да го покаже својот потенцијал.

„Мбапе поседува се што е потребно за да доминира на меѓународната сцена. Но, сметам дека за да го направи потребниот скок како би можел до израз да дојде целосниот квалитет кој го поседува, треба да се пресели во лига каде неговиот тим нема така лесно да победува“, истакна Модриќ.

Мбапе се поврзува со трансфер токму во Реал Мадрид, но тој трансфер би се реализирал во 2021 година бидејќи цената на младиот Французин во моментов е превисока.

Од друга страна ПСЖ прави се за да ја убеди својата ѕвезда да потпише нов договор и да остане во Париз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

„Лудо“ дерби во Манчестер: „Ѓаволите“ со луд пресврт во две минути ја продолжија агонијата на Манчестер Сити! 🎥

Манчестер Јунајтед со луд пресврт во две минути славеше ппобеда во дербито со градскиот ри…