Лука Модриќ има далеку поразличен статус оваа сезона и јасно е дека Хрватот не е навикнат на актуелната ситуација.
Модриќ е гневен на Реал Мадрид што минатото лето го убедуваше да потпише нов договор, а сезонава главно е на клупата за резерви.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Пред него шанса добиваат помладите фудбалери, а Анчелоти тврди дека таква е политиката на клубот.
„Зборував со Лука, тој е навикнат секогаш да игра… Тешко е. Тој е професионалец, многу сериозен. Секогаш тренира за да игра. Го почитувам. Модриќ е лидер во соблекувалната. Се е јасно меѓу мене и него. Тој се однесува професионално и се бори за место во тимот. Може да игра на секој натпревар, но конкуренцијата е голема“,изјави Анчелоти.
Поради оваа ситуација, се поизвесно е дека легендарниот играч за врска ќе си замине од Реал на крајот од сезоната, но е лут што работите не се одвиваат како што очекува оваа сезона.