Лука Модриќ еден од најзаслужните фудбалери на Реал Мадрид за петте титули во Лигата на шампионите и новото финале што годинава ќе го играат против Борусија Дортмунд во Лондон на 1 јуни.
Иако беше речиси сигурно дека на крајот од сезоната ќе заврши неговиот 12-годишен период во Мадрид и дека најверојатно Хрватот кариерата ќе ја продолжи во Саудиска Арабија, сега дојде до пресврт.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Имено, како што пренесува новинарот Фабрицио Романо, Модриќ ги известил првите луѓе на „кралскиот“ клуб дека посакува да остане на „Сантијаго Бернабеу“.
Модриќ исто така веќе одби две понуди и сега на потег е шпанскиот великан. Капитенот на хрватската репрезентација веќе извесно време добива едногодишен договор, што е пракса во Реал со повозрасни играчи.
Така, неодамна беше продолжен договорот со Тони Крос, а судејќи по настапите на Модриќ, не е исклучено тој да остане и да биде во улога на „џокер“ кој секогаш може со потег да го смени натпреварот од клупата, како што беше случајот во полуфиналето против Баерн во реваншот во Мадрид.