Дома Фудбал Модриќ:Сакам да заслужам нов договор

Модриќ:Сакам да заслужам нов договор

Лука Модриќ пред натпреварот протув Ливерпул зборуваше за неговата иднина во Реал Мадрид.

Хрватот изјави дека се уште не започнал преговори со Реал за нов договор, но напомена дека сака да го заслужи.

„Кога станува збор за договорот, тоа сакам да го заслужам, а не да ми се подари затоа што сум легенда на тимот. Не сакам да останам во Реал поради моето минато, туку ако имам квалитет за иднината“, изјави Модриќ.

„Играм сè подобро по Мундијалот, кој остави трага на мене. Згрешив што почнав да играм веднаш за Реал по враќањето од Катар. Требаше да земам одмор за да се рехабилитирам, но сега се чувствувам подобро“, додаде Хрватот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Флик потврди: Рафиња останува во Барселона – „Тој е најдобриот капитен што можете да го имате“

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, потврди дека клубот постигнал договор со Рафиња за прод…