Дома Топ вести Многумина не приметија: Роналдо не го славеше голот против Барса, еве зошто!

Многумина не приметија: Роналдо не го славеше голот против Барса, еве зошто!

Ѕвездата на Реал Мадрид, Кристиано Роналдо повторно беше стрелец на поседното „Ел Класико“ против Барселона, но овој пат одлучи да не го прослави голот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Роналдо ја затресе мрежата на Каталонците во првото полувреме, но не прослави, а потоа на новинарите им ја откри и причината.

„Како да славам кога личноста која ме научи да играм фудбал е во болница?“, изјави Роналдо после мечот.

Официјално најдобриот фудбалер на светот мислеше на Сер Алекс Фергусон, кој ден претходно имаше мозочен удар и за време на „Ел Класико“ беше во кома.

Роналдо и Фергусон работеа заедно од 2003 до 2009 година во Манчестер Јунајтед и Португалецот во неколку наврати истакнуваше дека го гледа како втор татко.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Дешам го брани Мбапе: Вие го направивте диктатор!

Селекторот на француската репрезентација го заштити својот најголем ѕвезда и објасни зошто…