Луис Суарез за неколку месеци ќе биде слободен играч откако ќе му истече договорот со Атлетико Мадрид.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Без оглед што има 35 години Суарез и понатаму важи за еден од најдобрите напаѓачи на денешницата и сигурно би претставувал големо засилување за поголемиот дел од клубовите. Уругвајскиот ветеран со своите голови и мајстории обележи една ера, а впечаток е дека најдобрите клубови како што влегува во залезот на кариерата повеќе не го сакаат како порано.




Суарез во последно време го изгуби местото стартер во Атлетико Мадрид и тоа е јасен знак дека може да бара нова средина.




Според најавите од Англија популарниот „Ел Пистолеро“ би можел да се врати во Премиер Лигата и тоа во редовите Астон Вила каде што тренер е Стивен Џерард. Ваквите најави не се појвауваат за првпат, ги имаше и пред неколку недели, а сега се погласни.




Покрај Астон Вила интерес за Суарез има и од МЛС тимот Интер Мајами, меѓутоа соработката со Џерард и тандем со Кутињо во Астон Вила изгледа како повеќе примамлива опција. Останува да видиме што ќе одлучи Суарез…