Дома Фудбал Младите Шпанци во Скопје гостуваат без најголемата ѕвезда

Младите Шпанци во Скопје гостуваат без најголемата ѕвезда

Младата селекција на Шпанија го објави списокот на фудбалери со кои ќе допатува во Скопје на квалификацискиот натпревар.

На списокот кој денес го објави селекторот Луис Де Ла Фуенте ја нема најголемата ѕвезда, играчот на Барселона Ансу Фати. Причината што Фати нема да биде во составот е неговиот повик за сениорскиот тим на „Фуријата“.

Во составот со кој ќе допатуваат Шпанците најпознати се веројатно, Карлес Алења и Рики Пуиг.

Натпреварот Македонија и Шпанија ќе го играат на тренинг центарот на ФФМ на 3. септември.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барбарез повика 17-годишен голгетер: Во Декет го гледаат наследникот на Џеко

Матеј Декет првпат доби место во сениорската репрезентација на БиХ, откако со головите за …