Младинската кошаркарска репрезентација на Македонија, стигна до убедлива 83:59 победа над Бугарија во третиот меч од Европското првенство до 20 години.
Избраниците на Никола Василев имаа негатива по првиот период, но до крајот на полувремето направија пресврт и на одмор заминаа со 7 поени предност.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во второто полувреме Македонија целосно доминираше, а најефикасен беше Теодор Симиќ кој реализираше 21 поен, имаше и осум скока и три асистенции, додека капитенот Андреј Митревски го заврши натпреварот со 19 поени.