Бразилскиот фудбалер, Давид Нерес многу веројатно од ова лето ќе ги напушти редовите на Ајакс.
Со оглед на тоа што во светот на фудбалот последната деценија монополот го држат само најбогатите клубови, Ајакс тешко дека ќе може да ги задржи своите ѕвезди кои оваа сезона експлодираа.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Овој 22-годишен крилен фудбалер игра одлично на големата сцена, па во сите натпреварувања постигна 12 гола и запиша 15 асистенции. Особено импресивен беше вчера кога постигна одличен гол против Јувентус во првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на Шампионите.
Уште претходно се пишуваше дека за неговите услуги ќе се борат клубови како ПСЖ и Баерн, а сега во трката се вклучи и Ливерпул. Како што пренесуваат англиските медиуми, Ливерпул најсериозно е заинтересиран за овој играч и се очекува дека наскоро ќе испрати и официјална понуда.
Се разбира, цената на младиот Бразилец на лето зависи од тоа како ќе ја заврши сезоната, а доколку Ајакс успее да помине во четвртфиналето или дури во финалето од Лигата на Шампионите, сигурно дека овој клуб тогаш би можел да ги срушува рекордите на своите играчи, а еден од најинтересните е токму Нерес.
Токму Нерес вчера се погрижи да донесе реми во првиот натпревар против Јувентус кога на стартот на вториот дел го матираше Шчесни.