Дома Трансфер зона Младиот напаѓач потврди дека е пред трансфер во Милан: Ова е голема работа за мојата кариера

Младиот напаѓач потврди дека е пред трансфер во Милан: Ова е голема работа за мојата кариера

Милан минатата недела одигра натпревар против Бодо во квалификациите за Лигата на Европа и се „заљуби“ во ѕвездата на норвешкиот тим.

Станува збор за младиот крилен напаѓач, Јенс Петер Хауге. Хауге беше асистент на првиот гол и го постигна вториот со одличен удар од далечина.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан веднаш после натпреварот започнал преговори со Бодо за трансфер на 20-годишниот напаѓач.

Хауге оваа сезона на 20 меча постигна 17 гола и запиша 11 асисатенции, па е вистинска атракција во норвешкото првенство.

Дека трансферот е пред реализација потврди и самиот Хауге за норвешките медиуми.

„Нормално дека Милан е голем клуб. Ова е навистина голема работа за мојата кариера, мојот сон стана реалност во неколку дена. Верувам дека можам да се борам за место во Милан. Ќе почекаме да видиме што ќе се случи, но јас мислам дека се ќе биде завршено наскоро. Ова е најдобрата одлука за сите страни“, изјави Хауге.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Челзи го купува најголемиот аргентински талент

Челзи е силно заинтересиран за новиот аргентински „бисер“ и сака да ја победи конкуренција…