Младиот голман на Вардар, Марко Кизиќ ја има втората најдобра одбрана во Лигата на шампионите во првите 10 кола избор на ЕХФ.
Покрај Кизиќ помеѓу најдобрите се најде и двојната одбрана на голманот на Еурофарм, Градимири Чаневски. На првото место е Андреас Волф кој е единствениот голман со три одбрани во топ 20. Сите одбрани можете да ги видите на официјалниот сајт на ЕХФ – тука.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Оваа недела во фокусот е младиот Марко Кизиќ од Вардар. Со двојна одбрана ги воодушеви навивачите. Не е лошо за 18 годишно момче“, стои во објавата на ЕХФ со видеото кога оваа одбрана беше избрана за одбрана на неделата.
? Check out this fantastic double save from 18-year-old @HCVardar goalkeeper Marko Kizikj in their win against @meshkovbrest. #veluxehfcl #ehfcl #VARMES pic.twitter.com/ZXZIOO3XXq
— EHF Champions League (@ehfcl) November 3, 2019
Кај најдобрите голови, Вардар нема претставник, додека Еурофарм има двајца свои претставници.
Голот на Радовиќ со кој донесе победа над Савехоф се најде на 17. позиција, додека голот на Јотиќ од девет метри против Кокс е на петтата позиција. Сите најдобри голови можете да ги погледнете – тука.